По заминувањето на некоја драга личност од овој свет, останува празнина која времето не може да ја избрише или потполни.Така и Влатче Илиевски им недостасува на своето семејство, пријателите, колегите…
ТамараТодевска како негова пријателка и колешка постојано јавно знае да изјави дека Влатко ужасно и недостасува и дека се уште не се помирила дека го нема.

Овој пат таа на својот профил на Инстаграм објави досега невидена фотографија од Влатко како ја држи Хана бебенце и потенцираше дека го мисли секој ден и дека и недостига.
„Посакувам да беше тука, ми недостигаш“, пишува во описот на фотографијата како од насловот не познатата песна од „Пинк флојд“.

Тодевска во едно интервју за Илиевски кажа:
„Тој беше многу добар човек, многу добро дете. Беше светла точка во мојот живот. Човек со кого детството го поминав. Учевме заедно во средно музичко. Тогаш, почнавме да се дружиме. Памтам како вчера да беше кога се сретнавме во парк и се спријателивме првиот ден. Како што се спријателивме така не се разделивме “ вели Тодевска „Бекстејџ“.

Триесет и три годишниот Влатко Илиевски беше еден од најпознатите рокери во Македонија, а почина на 6-ти јули пред нешто повеќе од пред две години. Влатко беше пронајден мртов во неговиот автомобил на булевар во скопската општина Аеродром.