Радио Милева Планирано бебе

Времето лета, а штркот набрзо ќе слета: Елена Миленковска за првпат го покажа трудничкото стомаче (фото)

Времето лета, а штркот набрзо ќе слета: Елена Миленковска за првпат го покажа трудничкото стомаче (фото)

Македонската пејачка со српска адреса и нејзиниот партнер и колега Гуте Маринковиќ кон почетокот на месецов открија дека по вторпат ќе станат родители, а нивното синче Максим ќе добие братче или сестричка.

Времето си минува, деновите и неделите од бременоста се нижат, а стомачето на Елена веќе е видливо.

Пејачката е доста активна на социјалната мрежа Инстаграм, а бременоста почна да ја користи и како момент за влијателност или популарно наречено инфлуенсерство кон своите следбеници.

Имено, таа направи соработка со еден бренд за потпомагање на паровите за полесно забременување или едноставно за помош на женската популација при дознавање на точните денови на овлацијата во месецот.

При објава, односно за фотографија од оваа склучена соработка, Елена облече тесни хеланки кои го истакнаа нејзиното нараснато стомаче кое веќе се забележува.

Насмеана, ведра, позитивна мама исполнета со радост за она што ја очекува по вторпат.

Сега веќе искусна Елена од недела во недела ги ужива моментите на блажената состојба се додека штркот повторно не слета и донесе уште едно бебенце.

фото:инстаграм/елена миленковска

To top