Пејачката и харфистка Сара Мејс е целосно предадена на работата на музичката кариера, на семејството, а неодамна и како инфлуенсерка и модел.
Познато е и дека таа после два месеци од породувањето храбро застана пред објективот во еротска долна облека.
Дека пејачата е осободена од сите комплекси и фрустрации во однос на нејзиното тело заслужни се и стилистите, кои таа неретко знае да ги пофали дека добро си ја завршиле работата и сокриле тоа што не треба да се види.
Таа неодамна ја објави својата нова песна насловена „Фреквенција“, а токму поради тоа, одлучи да се „стегне“ уште повеќе па, бидејќи беше доста активна не и требаше многу за да ја доведе својата фигура до совршенство и да го искористи моментот да позира во бикини во нејзиниот двор во Пинтија. Она што веднаш се забележа е дека Сара доста ослабела.
Таа сега испраќа топли поздрави од Египет каде замина на семеен одмор, а овој пат на нејзиниот Инстаграм профил меѓу фотографиите каде ги споделува најубавите моменти од одморот се најде и една која алудира токму за изгледот на нејзината фигура.
Имено, нејзиниот партнер, Димитар Атанасовски постираше фотографија на која Сара позира во бикини видно ослабена, а тој како вистински маж веднаш најде решение како да и помогне ги врати килограмите.
„Време и е за трето, Многу ми е ослабена нешто“ – со смајли кое плаче од смеење Димитар на сите им откри што планира во блиска иднина. Сепак на Сара дали неговиот предлог и се допадна или не ќе видиме во иднина. Судејќи по нејзиниот одговор, нешто не ќе да и се брза?!
Или пак потврди дека го мисли истото, ама дали се однесуваше на килограмите или за трето ова лето… допрва ќе дознаеме?!
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Сара Мејс