Освен за работата убавата пејачка и докторка за естетски корекции Симона Поповска ретко објавува моменти и од приватноста.
Таа е реализирана жена, сопруга и мајка, а според она што сега го покажа на социјалните мрежи атрактивната убавица докажа дека успева да ја одржи линијата, но и да се облече уникатно.
Откако на следбениците им кажа „Добро утро“ од песочната морска плажа, таа гордно сподели дека мошне му се израдувала летото.
Она што на сите им остави впечаток беше уникатниот бел костим за капење кој го носи, а го искомбинирала заедно со белите очила за сонце кои одлично и прилегаат.
– „Лето“ – напиша гордо таа на селфи објавата.
Поповска не откри на која дестинација и плажа се наоѓа, но не е важно каде е кога знае како да ужива.
Фото: Принтскрин/Симона Поповска