Пејачката Сара Мејс на почетокот од својата прва бременост не сакаше многу са зборува пред јавноста за својата блажена состојба, а во една прилика изјави дека не сака на нероден Петко да му се крои капа.
Со оваа нејзина девиза во поглед на бременоста, веројатно ќе се сложат многу жени кои се бремени или станале мајки.
Но, како изминуваа месеците и растеше стомакот на Сара, тоа повеќе не беше причина таа да се сокрива и да сподели радоста која ја чекаат со сопругот и со останатите.
Изминатите неколку недели беа на одмор, првин на море, а потоа и на езеро, а идната мама гордо го покажа големото трудничко меше кое брои ситно пред породување.
Токму бидејќи остана уште многу малку време додека на свет дојде нивниот наследник, гордиот тато на Инстаграм објави фотографија на која се во приватна болница каде пејачката веројатно ќе се породи. Напиша дека бројат ситно и дека се многу возбудени.
Епа, нека е со лесно!