Водителскиот пар, Сања Кужет и Воја Недеjковиќ, за време на гостувањето во ТВ Прва, открија како е да се води најгледаната шоу програма во регионот, „Ѕвездите на Гранд“.
– Немам чувство дека го носам тој товар, тоа е еден вид реалност за мене – рече Сања и додаде дека имала притисок само на почетокот – дефинитивно се трудам да бидам секогаш на повисоко ниво од сезона во сезона.
На прашањето дали се забавуваат на снимањата, кои понекогаш траат со часови и се случуваат ден за ден, Воја одговара – Знаеме што можеме и што не можеме, на што реагира некој и кој може да сфати нешто погрешно, па сè зависи од енергијата и расположението на целиот тим.
Како домаќини на ова шоу, водителот на емисијата се интересираше дали Сања и Воја имаат омилен член на жирито
– Па, глупаво е да се каже, затоа што секој има своја улога, како на час, и зависи од кој ден ќе им се даде. Секој има свои моменти – рече Сања и низ смеа ја објасни врската на Воја со одредени членови – Воја и Ѓорѓе се од Земун, а скорпии во хороскопот. Како Марија. Некако се препознаваат. Еве, скорпиите ме напаѓаат од сите страни, се пошегува Сања.