Војната меѓу двете српски пејачки Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ трае со години.
Имено, двете пејачки вчера (22.03.2021) повторно се сретнаа во Првиот основен суд во Белград.
Како што пишуваат српските медиуми, Цеца ја победила Јелена.
По тој повод се огласи Ражнатовиќ и за мондо.рс потврди дека ја добила Карлеуша.
„Точно е“, одговорила Цеца на прашањето дали е точно дека ја победила Карлеуша
Инаку, Цеца ја тужеше Јелена која тврди дека Ражнатовиќ стои зад убиството на нејзиното тогашно момче Зоран Давидовиќ – Чанда.