Промотер

„Водолија“ со сета сласт се’ уште ви ја нуди старата добра рок ен рол -„Страст“ (ЛИРИК ВИДЕО)

„Водолија“ со сета сласт се’ уште ви ја нуди старата добра рок ен рол -„Страст“ (ЛИРИК ВИДЕО)

По пауза од речиси една и пол година, македонскиот поп-рок бенд „Водолија“ предводен од гитаристот и автор Ристо Апостолов има нова песна.  Песната е насловена „Страст“, а  комплетен автор на истата ( музика, текст, аранжман) е гитаристот и лидер на бендот, Ристо Апостолов.

Песната е визуелизирана со лирик видео, за чиј графички дизајн се погрижила академскиот уметник Натали Николовска.

Музички „Водолија“ останале верни на стариот добар поп-рок звук од 80-ите и 90-те, во  кој доминира чистиот гитарски „У2“ звук поткрепен со едноставната но цврста ритам секција  составена од бас гитаристот  Бојан Митановски и Весела Христовска  на тапани.

Рок освежување во време на стерилната технологија и компјутерски играчки во рацете на новите генерации.

To top