Промотер

„Водолија“ е одново „Полна со магија“ (АУДИО)

„Водолија“ е одново „Полна со магија“ (АУДИО)

По пауза од речиси една и пол година, македонскиот поп-рок бенд „Водолија“ предводен од гитаристот и автор Ристо Апостолов има нова песна. Нејзиниот наслов е „Полна со магија“, а како и обично комплетен автор на музиката, аранжманот и текстот е Ристо Апостолов, кој стои и зад снимањето, миксот и мастерингот. Засега на Јутјуб каналот е пуштен само аудиозаписот, но според зборовите на авторот, во план е да се направи видеоспот.

„Полна со магија“ звучи сосема солидно продукциски и авторски зрело, и се чини дека е логично продолжение на правецот кој бендот го тера со претходната нивна песна „Само еден“. Како и нивната претходничка и најновата е доволно модерна и моќна, „Полна со магија“ за да ги освои и љубителите на рок звукот, но и оние на комерцијалната нота, а патем подеднакво погодна и за вртење на радиостаниците и за изведба на жива свирка.
Инаку во „Водолија“, покрај Ристо, членуваат уште и бас гитаристот Бојан Митановски и тапанарката Весела Христовска.

To top