Пејачката Снежана Ѓуришиќ во емисијата „Звезде Гранда специјал“ зборуваше за своја промена на стајлингот, но и како нејзиниот партнер Вања Милошевиќ реагира на тоа.
„Јас секогаш важев за „пантолна личност“, па еднаш се појавив во фустан и еден камерман ми кажа дека ќе падне снег поради тоа. Во последно време сакам да комбинирам, сакам да се појавам и во одело и во фустани“, изјави Снежана, а водителот ја праша во какви комбинации сака да ја види нејзиното момче.
„Тој секогаш вели дека е супер. Кога сум ја во прашање сака да изгледам пристојно, а кога станува збор за другите девојки верувам дека сака да се послободни“ се пошегува пејачката, но водителот не беше задоволен од одговорот.
„Во какви изданија те сака по дома, мислам навечер?“.
„Аааааа брате, сега отиде предалеку. Не, јас вообичаено спијам во бунда, што ти мислиш? Погледнете како провоцира, одговори Снежана.
Инаку, Снежана и Вања се повеќе време во врска, но не експонираат јавно и не се појавуваат во медиумите. Гостувањето на пејачкта во емисијата може да го погледнете во видеото подолу.
фото: инстаграм/снежана ѓуришиќ