Радио Милева тајната од домашната кујна

Водителката Сања Савеска се пофали дека и нема рамна за торти, а за она што го направи може да и позавидат дури и шефовите од „Брза кујна“(фото)

Водителката Сања Савеска се пофали дека и нема рамна за торти, а за она што го направи може да и позавидат дури и шефовите од „Брза кујна“(фото)

ТВ водителката на кулинарското шоу „Брза кујна“, Сања Савеска, гледачите секој работен ден ја следат како домаќинка на популарното шоу за готвење каде е заедно пред камерите со шефовите Никола и Бобан.

Оние кои се во трка со времето и снаодливоста во кујната, се учесниците и шефовите, додека Сања е онаа која им сугерира за изминатите минути, а понекогаш и асистира во подготовката на спцецијалитетите.

Дека не само како водителка, туку е умешна и таа во готвење, се пофали на својот Инстаграм со здрава и посла овошна торта која ја направила со свои раце.

-Не ме бива за сликање, ама затоа за посни и здрави торти без шеќери и брашно сум врв! – си поласка самата.

Парчето торта изгледа ултра примамливо и го мами апетитот, а веруваме дека и само од поглед кон фотграфијата многумина посакаа да го пробаат, особено оние што постат.

Сепак, за целината да беше комплетна недостигаше само едно- рецептот. Дали Сања заборави или пак не сакаше да го сподели и го чува како своја тајна од домашната кујна, останува дилема.

А дали оваа вредна домаќинка можеби ќе го сподели и ќе се покаже и пред камерите во „брзата кунна“, останува само како сугестија од нас.

To top