Некогашната водителка на „Ексклузив“, Николина Славкоска или како што сака да се потпишува на социјалните мрежи Нина Ред по згаснувањето на естрадниот магазин, малце одмори од ТВ екраните и водителската кариера.
Меѓутоа, откако Николина ја стави водителката кариера на „стенд бај“, таа се врати на танцот односно како инструктор по танц.
Нина е активна на социјалните мрежи, па често објавува разни фотографии, видеа, постови со кои ги информира своите следбеници за нејзините активности.
Па, така често знае да постира и некое видео каде што танцува и каде што изведува разни вештини.
Деновиве, водителката на својот „Инстаграм“ објави видео на кое танцува, а во описот напиша:
„За мене танцот е лек за душа. Пушти музика и секогаш е тука. Фантазирај. Никогаш не престанувај. Откривај работи за себе. Ништо нема да е поинтересно. Пушти ги мислите. Тие и онака само не кочат. Не бери гајле. Уживај. Опушти се“.
View this post on Instagram
Под објавата се нижеа позитивни коментари на сметка на Славкоска, а меѓу оние кои коментираа е и српскиот пејач Жељко Самарџиќ.
„Браво Нина“, напиша тој, а веднаш следуваше и рекација од водителката:
„Ако вие така велите сигурно е така, ви благодарам“.