По два месеци од сообраќајната несреќа која ја доживеа водителката на „Пинк“, Деа Ѓурѓевиќ таа вчера се појави првпат на телевизија.
Имено, таа гостуваше во својата матична телевизија „Пинк“ во „Националниот дневник“ и даде интервју за „Премиера“.
Таа била во друштво на докторот Марко Бубмаширевиќ кој се грижи за нејзиното здравје.
Нејзиното појавување на телевизија било многу емотивно како за Деа, така и за нејзините колеги кои цело време и даваа поддршка.
Во интервју за „Премиера“ таа проговори за нејзината здравствена состојба, но и за враќање на ТВ екраните.
„Моето враќање на работа зависи од докторите, не можам ништо да кажам. Тоа најдобро може да го каже докторот и професорот Бубмаширевиќ, кога е најдобро да се вратам.Благодарна сам на луѓето кои беа покрај мене. Мајка ми и Младен ми се најблиски, тие нон – стоп се покрај мене, но секако тука се и мојот круг на блиски пријатели. И уште подобро се чувствувам сега кога дојдов на „Пинк“. Сите ме чекаа со раширени раце, ова е моето семејство и “Пинк“ е моја куќа“ вели Деа.
За потсетување, Деа пред два месеци доживеа несреќа во која автобус и ја откина раката.