Водителката Сања Савеска имаме прилика секој ден да ја гледаме како домаќинка во кулинарското шоу „Брза кујна“.
Сања е водителката на шоуто, а шефовите Марк и Никола заедно со натпреварувачите подготвуваат разни специјалитети за само 20 минути.
Шефовите и во приватниот живот се мајстори за готвење. Сопругата на Марк, Василка во една прилика истакна дека готвачот знае и дома да направи разни специјалитети, да ја израдува со некое јадење.
Водителката пред ТВ камерите немаме прилика да ја видиме како готви.
Меѓутоа, овој пат ги засука ракавите и ги покажа своите кулинарски вештини во кујна подготвувајќи „banana bread“.
Имено, Савеска овој пат во кусите приказни на „Инстаграм“ објави како ги подготвува намарниците подготвени за благо.
А потоа го покажа и крајниот резултат.
Инаку, Сања на својот „Фесјбук“ сподели дел од атмосферата од снимањето на „Брза кујна“ каде што кажува гаф, па заедно со тимот семееаја.
Инаку, Савеска дојде на местото на водителката на Александра Илиевска која замина на породилно отсуство.
фото: притнсркин/инстаграм/сања савеска