ТВ водителката на кулинарското шоу „Брза кујна“, Сања Савеска за првпат одлучи да одговара на прашања на Инстаграм поставени од нејзините следбеници.
Нејзината скромна и ненаметлива природа и носи симпатии и поени кај гледачите и следбениците на социјаллните мрежи, а сега уште еднаш им докажа дека кај неа се’ е природно и без маска за пред камери.
Ако некои од познатите за жива глава не би ги кажале годините, љубовниот статус или висината, Сања нема никаков птоблем со тоа.
Токму такви беа ипрвите прашања шро ги доби а одговорот гласеше:
-42 години сум, а не пораснав многу висока, некои 168 см… го сакам мојот Томи.
Не беше заобиколено ниту прашањето за шеф Марк кој од претстојната нова сезона нема да биде дел од „Брза кујна“, а Сања само ја потврди неговата одлука.
-Шеф Марк де Јонг се одлучи да замине кон нови предизвици и нови искуства и целиот тим му посакува многу среќа и успех! Ќе ни фалат заедничките луди моменти, вели Сања.
Инаку, убавата водителка ужива во летото, а неодамна се врати од летен одмор на Лефкада каде беше заедно со својот сакан Томи.