Радио Милева
дома, а сепак надвор...

Водителката на „Бекстејџ“ најде решение за потребите на својот домашен миленик: Еве Барбара каде го шета своето куче (ФОТО)

Водителката на „Бекстејџ“ најде решение за потребите на својот домашен миленик: Еве Барбара каде го шета своето куче (ФОТО)

Карантинот и изолацијата не само што комплетно ни го променија животот на сите, туку им го свртеа наопаку и на домашните миленици и оние кои ги поседуваат. Особено најгласни до Владата и нејзините мерки се сопствениците на кучиња, кои се жалат дека немаат кога и каде да ги прошетаат, да ги истрчаат, да им овозможат да си ги обават своите редовни физиолошки потреби…

На нивните барања засега „креаторите на вонредната состојба“ се’ уште се „глуви“, па затоа оние што чуваат кучиња, особено во домашни услови, па уште ако се во стан во зграда на некој од повисокоте катови, мора да се снаоѓаат кој како знае и умее во услови на полициски час.

На социјалните мрежи оддамна стана хит видеото за тоа како се снашла да се справи со овој проблем, една белградска пензионерка.

https://arhiva.vistina.com.mk/zivot-i-stil/penzionerka-od-belgrad-stana-hit-na-socijalnite-mrezi-vaka-go-prosheta-svoeto-kuche-srede-policiski-chas-video/

Голем дел од македонските познати личности исто така чуваат домашни миленици, а меѓу нив и младата и убава водителка на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ – Барбара Ракичевиќ.

Иако е вонредна состојба и имаме полициски час во земјава, „магазинот од зад сцената“ не мирува, напротив.  „Бекстејџ“ ем се гледа од дома, ем се емитува од дома, онлајн, на социјалните мрежи секоја вечер во 20.00 часот со познати гости со кои водителите Миро и Барбара исто така разговараат од дома, а гледачите и фановите, можат да им поставуват и свои прашања.

Но, пред и по работните обврски, меѓу другото Барбара има обврски и околу своето кученце. Откако „Бекстејџ“ ќе заврши – доцна е,  полицискиот час е веќе почнат, а малиот сладок померанец има свои потреби.

И физиолошки и за прошетка и малку, каков-таков, скопски воздух! Иако Барбара живее во зграда во скопската населба „Аеродром“, водителката сепак најде начин како да му излезе во пресрет, за да му овозможи потребите на  кученцето да му бидат намирени.

До душа, не како белградската пензионерка, зашто станот на Барбара е баеги повисоко, иако повторно е во прашање балкон или поточно тераса.

Имено, Барбара и нејзината мајка Мелита имаат голема тераса на врвот од зградата каде што живеат од која се пружа прекрасен поглед на градот и има доволно простор за малиот померанец, и не само тој, ем да  да биде малку на отворено, ем да се истрча, а и кученцето да се „олесни“. Се разбира, на соодветно пропишано место.

А потоа, како и секој сакан домашен љубимец, да заврши во скутот кај неговата помала газдарица на нова тура галење, чешкање, милување, гушкање… и взаемна размена на љубов, седејќи дома!

 

Останати вести од Радио Милева