Откако си даде отказ на ТВ „Хепи“, водителката Јована Јеремиќ е во секојдневни преговори со неколку телевизии, така што конечната одлука ќе ја донесе за неколку дена.
Најдобрата понуда била од една од најгледаните телевизии, каде наводно и е понуден стан во елитнен белградски кварт, личен возач и скапо возило. Покрај тоа, цел тим луѓе ќе и стојат на располагање и голема сума е во игра кога е платата во прашање“, навел добро информиран извор.
„Понудата е отворена, сега сум жена на пазарот. Имам пет понуди од пет различни телевизии. Колку повеќе нудите, толку повеќе ќе добиете“ – рече Јована, позната и по своите сценски движења и еротски танци.
Имено, таа го најави својот жежок танц уште на почетокот на шоуто и додаде дека целата претходна вечер се подготвувала за да не ги разочара своите обожаватели.
Социјалните мрежи изгореа по нејзиниот настап, а гостите кои беа со неа во студиото се фатија за глава, додека некои само ја гледаа.
Сепак, Јована самоуверено продолжи да танцува, ги крена нозете и се искачи на столчето…
Впрочем погледнете самите како тоа изгледаше:
Фото и видео: Јутјуб/Ami G Show