Водителката Хана Хаџивадигиќ-Табаковиќ е позната по нејзиниот остар јазик но и тоа што без предрасуди зборува за теми за кои многумина молчат.
Хана е родена во Сараево, а кога тргнала во прво одделение на училиштето, избила војната. Како што неколкупати пред новинарите им изјавила на медиумите, се школувала во подрумот.
Во 2008 година учествувала во реалното шоу “Фарма”, кое беше емитувано на Нова ТВ. Хана помина 11 недели во Фарма и, како што вели, оттаму излегла побогата… Но само за ново искуство.
Имала бурно минато, често пати била видена по елитните ноќни клубови и сплавови, и по некое време и таа самата организирала забави за време на викендите, каде што биле забележани бројни јавни личности.
Поради провокативните изјави, тие исто така ја поврзуваа со познати девојки во регионот, а таа ја шокираше јавноста кога призна дека била во врска со девојка шест месеци.
„Имав девојка, имавме околу шест месечна врска, тогаш бев бисексуалка… Кога си млад треба се да пробаш. Сега си најдов сопруг кој во се’ ми одговара“ – изјави таа за медиумите.