ТВ водителката Милена Антовска – Станковска има двоен повод за славење, па затоа е повеќе од среќна.
И за двата повода заслугата е нејзина, и може слободно да се гордее и да се пофали пред нејзините фанови кои ја следат во секој чекор.
Најпрвин повод за славење за неа беше моментот што одлучила да го освежи изгледот со миди фризура, а од промената е презадоволна.
„Едвај си ја чекам новата фризура“ – напиша таа пред да ја скрати долгата права коса.
Потоа покажа и неколку кадри од големата промена која ја направи, кога црната боја на коса за неколку нијанси се одлучи да ја осветли.
Потоа и самата се изненади од новиот изглед, па од среќа викаше на цел глас.
Промената на имиџот секако беше со цел бидејќи како што потсети, таа слави и цели 15 години како е дел од Канал 5 телевизија.
View this post on Instagram
„Нека се множат само со успеси“ – прва и напиша ТВ водителката и инфлуенсерка, Елена Најдоски, екс -„Живот со стил“, па понатаму се редеа убавите честитки од нејзините колешки, пријатели и следбеници од кои доби многу допаѓања како потврда дека се’ е како што треба.
Фото: printskrin/instgaram/milena_antovska