Новогодишно празничниот амбиент веќе владее насекаде, од улиците, домовите, па се до работните места…
Декември се движи веќе кон крајот, а новогодишните празници се на прагот. Елките и декорациите се тука, а новогодишните фотосесии се резервирани за ширење и заокружување на впечатоците и спомените од година што заминува.
За новинарката и ТВ водителка Анастасија Деа Богданоска ова беше богата година и за првпат ќе ја дочека како мајка со две прекрасни дечиња. Откако Анастасија и сопругот Богдан Илиевски- Бетмен ја добија ќерката Дениција, годинава во месец април добија и машко чедо како принова.
Тогаш сите се прашуваа какво име ќе добие момчето, бидејќи девојчето доби необично име по една од песните на македонскиот поет и писател Петре М. Андреевски, Дениција. Но, тие веднаш не го објавија името на нивното синче, туку ден потоа се огласи тато Богдан:
Деа сега доби една преубава идеја за испраќање на годината, па ја сумираше со фотографија која предовогодишно ја подготви за нејзините следбеници и обожаватели, каде откри по што ќе ја памети годината која што полека изминува.
– Топ шест омилени моменти од оваа година – наведе водителката.
Првата фотографија ја избра од моментот кога беше бремена со Раде, потоа од породилиштето. Тука е и летниот одмор кој на сите ни фали во овој дел од годината и така се нижеа омилените спомени.
Деа преку овие фотографии ги обележа нејзините омилени моменти од оваа година со кои можеби ќе ве мотивира ди Вие да си направите ваков спомен колаж за крај на 2022-рата и почеток на Новата.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Деа Богдановска