Радио Милева најубавото чувство

Водителката Цеце Тодосовска без предрасуди го доеше бебето во јавност: „Овие моменти не би ги менувала за ништо на светот“

Водителката Цеце Тодосовска без предрасуди го доеше бебето во јавност: „Овие моменти не би ги менувала за ништо на светот“

Цеце Трајковска Тодосовска која публиката ја памети по Утринската програма на ТВ Телма, пред речиси два месеци се породи.

Имено, Цеце и нејзиниот сопруг Стојанче за првпат станаа родители на син за кој го одбраа името Боден.

Водителката Цеце Трајковска е бремена, а го откри и полот на бебето (фото) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Водителката ужива во својата нова улога и  во заедничките моменти со синчето. Таа е доста активна на социјалните мрежи, па неретко знае да сподели некоја заедничка фотографија со новиот член на семејството и да напише емотивна порака.

фото: Инстаграм/цеце

Исто така, Цеца често оди прошетки во проширен состав, а на Инстаграм знае да им покаже на фановите како го поминува времето со малото бебе.

Oвојпат, Тодосовска на својот Инстаграм објави како го дои бебето во кафуле, а во описот напиша:„

Најубавото чувство, Овие моменти не би ги менувала за ништо на светот“ напиша водителката.

Доењето во јавност за некои можеби е пракса, за некои можеби не. Многумина го поддржаа овој гест на водителката, а меѓу нив водителката на Брза кујна, Александра Илиевска која исто така се породи пред неколку месеци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cece T. (@cecetodosovska)


„Следно заедно. Прекрасни мама и син“, а Цеце и одговори: “Обавезно, нашите ритуали продолжуваат“.

фото: инстаграм

Инаку, откако Александра и Цеце се породија, тазе мајките неколку пати излегоа на заедничка прошетка со наследниците, односно Илиевска со ќеркичката Сара,  а Цеце со синчето Бодан.

To top