Радио Милева

Водителката Анастасија ја напушти утринската „Здраво Македонијо“- ова е причината!

Водителката Анастасија ја напушти утринската „Здраво Македонијо“- ова е причината!

По речиси една година ТВ кариера во утринската емисија „Здраво Македонијо“, младата и шармантна водителка Анастасија Богдановска, повеќе нема да биде дел од емисијата.

Таа на својот Фејсбук профил на своите пријатели и следбеници им го откри својот нов ангажман во истата телевизија, а причината е отпочнувањето на нов ТВ проект кој таа го го води.

Станува збор за контактна емисија насловена „Фронт“ која ќе се емитува во попладневните часови.

Точно е дека кога жена менува фризура, менува и нешто друго во животот…во случајов нов термин со нова емисија. ФРОНТ нема да биде обична контакнта емисија…ќе биде ФРОНТ на мислењата на граѓаните, во мигови кога се отворени многу жешки прашања. Правилата на “игра” се следни: се држиме на темата, не навредуваме и шириме говор на омраза, туку јасно секој еден кој ќе се јави ќе си го каже мислењето. Јас може да ви поставам по некое прашање, кое нема да биде мој личен став, туку прашање иницирано од вашиот коментар, се со цел да имаме подинамична дебата.

Секој работен ден, по вестите во 15 часот на Канал 5 го отвораме фронтот. Денес беше втора емисија. Како помина, не ви откривам, мора да видите сами, појасни Деа која веруваме дека одлично ќе се снајде и на новиот „фронт“.

Инаку, Анастасија Богдановска се појави на ТВ екраните откако нејзината колешка, водителката Милена Антовска замина на породилно отсуство.

 

To top