Радио Милева Бебето наскоро доаѓа

Водителката Анастасија Богдановска пред породување: Штркот само што не слетал (фото)

Водителката Анастасија Богдановска пред породување: Штркот само што не слетал (фото)

Водителката и новинарката Анастасија Деа Богдановска наскоро по ќе стане мајка.

Таа е во последниот месец од бременоста, а штркот само што не слетал и го донел новиот челено во семејството.

Откако, Анастасија и сопругот Богдан Илиевскиили попознат како Бетмен ја добија ќерката Дениција, сега повторно ќе ја доживеат најголемата радост.

Водителката ужива во бременоста, а на социјалните мрежи често знае да сподели по некоја фотографија и да напише емотивна, моќна порака.

Трудничкото стомаче стигна до максимум, а Деа е во 9-от месец од бременоста и секој мемент го чекаат големиот ден.

Таа во кусите приказни на „Фејсбук“ објави фотографија на која позира за спомен пред породување.

За потсетување, во јули 2021 Дениција наполни една година, а Анастасија и Богдан направија свадбена прослава.

To top