ТВ водителката Александра Пановска- Илиевска која гледачите најмногу ја запаметија како домаќинка на кулинарското шоу „Брза кујна“, сега полека,но сигурно веќе ја поврзуваат со утринската „Здраво Македонијо“ каде ја продолжи со својата телевизиска кариера.
Александра периодов се почесто почна да ја открива својата провокативна страна, па така модната суптилност на која сме навикнати да ја гледаме, се почесто ја става во сенка.
Неодамна како и своите колешки, застана пред камерите во секси здолниште со висок шлиц, а неодамна ја покажа својата вита фигура на плажа пред очите на следбениците на Инстаграм.
Кога веќе и тргна така, енергијата за својата експресивна женственот продолжи.
Слободна, рскомотена, испружена и за реклама на еден бренд за обувки кои им ги сугерира на своите следбенички.
Намерата беше да ги покаже сакдалите, а за ефектот да биде повпечатлив, Александра го отвори преклопот на фустанот кој го носеше, ги поткрена долгите нозе и така наместена и насмена беше подготвена за фотка на Инстаграм.
Сандалите сигурно не останаа незабележани, ама голите нозе и позата на Александра дефинитивно беа фокусот.
фото:Инсатграм принтскрин/Александра Пановска Илиевска