Нежа Девчиќ на сите е позната како учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, чиј ментор во 2018 година беше Ѓорѓе Давид.
Таа во моментот се бори со опаката болест, за која пишуваше на социјалните мрежи. Пејачката во февруари почувствува необична испакнатост под клучната коска, што не ја загрижуваше на почеток, но како што стануваше поголемо, Девчиќ се обратила кај докторот.
Иако на почетокот мислеше дека станува збор за запушена лојта жлезда, дијагнозата е всушност многу понеповолна.
Нежа веднаш го отстранила ова ткиво во локалната амбуланта и го испратила за анализа во Љубљана, а следното што дознало е дека ја чекаат хемотерапија и макотрпен процес на лекување на злобната болест.
– Првата мисла ми беше дали ќе ја изгубам косата. Кога ја напуштив онкологија, плачев три дена без да застанам – признала пејачката пред месец и половина.
Ѓорѓе Давид тогаш и испрати поддршка на Инстаграм.