Познатиот водител на забавната емисија „Амиџи шоу“, уште од мал сакал да се занимава со јавноста да биде популарен.
Тој својата кариера ја започнал на радиостаницата „Београд 202“, потоа на РТС ја водел популарната емисија „Гаража“.
Во 2001 година започнал да работи на Пинк каде што вовел забавна утринска емисија. Гостите седеле во кревет, а тој бил облечен во пижами.
Денес, Огнен е водител и уредник на познатата емисија „Амиџи шоу“, каде ги има угостено најпопуларните пејачи од просторите на поранешна Југославија.