Овој Велигден за ТВ водителката Живкица Каленикова и нејзиното семејство беше посебно доживување.
Имено, тие решија празничните велигденските денови да ги поминат надвор од домот и да бидат туристи во Франција.
Едно од главните места за посета им беше Дизнизенд, за што најрадосни беа трите деца. И токму кога воодушевувањето почна да оди на се’ повисоко ниво, импресиите од погледите се поголеми, пред нив се појави ни повеќе, ни помалку туку Лионел Меси заедно со сопругата Антонела.
Највоодушевен беше малиот Даријан бидејќи пред себе ја виде големата фудбалска ѕвезда и веројатно негов идол.
Мама Жиле не ја пропушти приликата да застане пред нив и да ја замоли Антонела за фотка која осамна на нејзниниот Фејсбук профил.
-Кога ќе ти се погоди друштвото, напиша таа во описот каде со синчето прават фотографија со сопругата на Меси кој веројатно беше опколен со фанови во Дизниленд.
Ова велигденска аванура неосмнено ќе ја паметат по оваа средба, а најсилни импресии ќе останат кај Даријан.
фото:Фејсбук/Живкица Каленикова