Откако им се врати на кариерата и настапите, Антониа Гиговска е турбо активна со набиена агенда низ клубови и дискотеки низ целата земја.
А сцената бара работа, како за вокално претставување, така и сценско, визуелно. Тониа, како што милува да и биде уметиничкото име напорно работи за се’ да биде тип-топ и да грми на сцена.
Во денешно време и според моменталните трендови кои траат прилично долго, природната убавина се занемарува, а особено естрадните дами преферираат речиси се што е можно да биде коригирано на нив во склад на она што е модерно. Па така, малку останаа без напумпани усни, гради, задници, па и она помалку забележливо и неподлежно на игла и нож. Тука спаѓаат вештачките веѓи, трепки, нокти, коса… Списокот е долг, а речиси ништо не е оставено на мајка природа.
Да се биде поразличен и свој како да се фрли во заборав, а на пиедестал дојде она да се биде ист, но во тренд. Антониа веќе ги коригира усните кои станаа поволуменозни, па иако некои знаат да и забележат на таквата промена, нејзе и се допаѓа.
Сепак, она на кое не би поглегнала за да биде во тренд или по естрадниот „правилник“, тоа се зголемените силиконски гради. Антониа е сигурна во тоа дека е задоволна од големината на нејзината предница и не би ја менувала за ништо.
Во едно од прашањата кои и ги поставија на Инстаграм, а се однесуваше токму на силиконите таа кажа:
-Ако некогаш почувствувам потреба да променам нешто кај себе, да, но во иста величина на моите (мразам гради) во принцип.
Личната сатисфакција во случајот е на прво место, а Гиговска очигледно вака има најголема самодоверба.
Големите гради не се за неа, но во никој случај тоа не подразбира и дека не треба да се разголи со што градникот и длабоките деколтеа се првите од нејзиниот избор за на сцена.
фото: Instagram printscreen/ antoniagigovskaa