Познатата пејачка Сека Алексиќ е позната по тоа што живее тотално нетипичен живот за музичка ѕвезда. Имено, Сека целосно го адаптирала својот дом во Стара Пазова за мирен и таен семеен живот, а сега покажа едно од своите изданија во кое ретко кој можел да ја замисли.
Taa е активна на социјалната мрежа „Инстаграм“ каде често споделува детали од својот деловен и личен живот.
Сека овој пат седна во тракторот со помалиот син Јован и покажа што умее, а коментарите не престануваат да се слеваат.
Малото момче било воодушевено од тракторот, па среќно го вртел воланот додека седел во скутот на мајка си. Пејачката оваа снимка ја објави со песната „Тракторче“, а со тоа ги насмеа сите.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Сека Алексиќ