За Лила деновиве се пишува наголемо, иако и претходно никогаш не била надвор од рамкте на медиумската актуелност.
Таа неодамна им стави крај на чаршиските муабети дека боледува од канцер и тоа со потврден одговор кој завршува со точка на борбата со опаката болест.
Лила излезе како победник и покажа дека духот и вербата се посилни од се’. Сега тоа останува зад неа, а пред себе има некои поубави времиња.
View this post on Instagram
Духовитоста си ја зачува и покрај се’, a oна што ја наврати на спомените и тоа на оние од поодамна, за кои и денес знае да се пошегува, е брачниот живот и невестинскиот изглед.
Па така, Лила во своите приказни на Инстаграм сподели ретро фотографија каде носи венчаница, веројатно на ревија од Саем за венчавки, па со насмеан емотикон напиша коментар: „Само слика“.
Во вакво издание и е тешко да се гледа дури и на фотографија, а камоли во реалност.
По два пропаднати брака, на Лила на крај памет не и паѓа да се мажи, иако досега добила и други понуди, се вртеле шпекулации за трет брак, но таа фаза веројатно останува само за на слика и за понекоја шега.
фото:Инстаграм принтскрин/Лила