Овој викенд се одбележа особено важен настан во семејството на Петар Грашо и Хана Хуљиќ.
Имено, славниот пар го крсти своето девојче Алба на многу посебен ден.
Долго време се шпекулираше дека Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ ќе го крстат своето девојче Алба на 19 февруари, денот кога ќе ја прослават првата годишнина од бракот.
Меѓутоа, Петар и Хана ги промениле плановите и според 24сата крштевката се случила во петокот на 17 февруари, исто така многу важен датум. Имено, малата Алба е родена на 17 јули минатата година, што значи дека крштевката се случила на денот кога девојчето наполнило седум месеци.
Крштевањето се одржа во тајност, а по црковната церемонија прославата, резервирана само за најтесниот круг на семејството и кумовите, продолжила во сплитскиот ресторан „Pimpinella“.
Дедото Тончи Хулиќ откри дека родителите се предомислиле и го смениле датумот на крштевката за да ја зачуваат својата приватност, која многу ја сакаат како семејство.
фото:
принтскрин/инстаграм/петар грашо/хана хуљиќ