Рокерот и еден од омилените кандидати во „Ѕвездите на Гранд“, Исак Шабановиќ го освои второто место во музичкото шоу, а среќата ја сподели со неговото семејство.
Неговиот дом се наоѓа во Бјело Поле, а соседите во зградата во која пораснал изгледа го обожаваат.
Омилениот кандидати сега ги отвори вратите од својот дом, а неговата мајка е задолжена за уредувањето на станот.
„Сите фотографии во нашиот дом ги сликаше мојата мајка, тоа и е хоби“, вели Исак.
Во трепезаријата имаат една огромна семејна фотографија.
Исак во својата соба ја чува клавијатурата на која научил да свири како дете.
„Татко ми и многу други музичари свиреа на неа, а баш на таа клавијатура учев и јас“, вели рокерот, па го покажал и својот дел од собата кој е посветен на познатиот рок музичар Младен Војичиќ Тифа.
„Го сакам Тифа. Пишува 06.07.2013, јас тогаш наполнив 18 години, а Тифа тогаш славеше 33 години постоење“.
Шабановиќ вели дека своите девојки не ги водел често во својот дом.
„Тоа е моминска соба и никогаш немавме нешто сериозно за да доаѓаат, секогаш одевме по хотели“:
Летните денови семејството Шабановиќ ги поминува на тераса, но и во градината на зградата каде што често се дружат со соседите.
„На терасата настана првиот корона концерт. Секоја недела кога е убаво времето и кога немаме каде, одиме во градината и правиме скара“,вели пејачот.
Инаку, од самото појавување Исак остави силен впечаток кај жирито и публиката, па многумина очекуваа тој да победи.
фото: гранд онлајн/јутуб