Вељко Ражнатовиќ неодамна се ожени, дипломираше на факултет, а потоа имаше важен натпревар во боксот.
Тој го нокаутираше Унгарскиот репрезентативец Андрас Чомор во втората рунда од натпреварот во Бања Лука, а сега откри дека планира да започне со приватен бизнис.
Имено, Вељко ќе отвори теретана, за што откри во „Утринската програма“ кај Сарап и Дијана.
– Ќе направам своја теретана која ќе биде на светско ниво, тоа сè уште не е видено во Србија. Луѓето можат да очекуваат во блиска иднина детско училиште и училиште за натпреварувачите да тренираат во соодветни услови и со обучени тренери. Ќе направам свој клуб, тоа е планот за иднината – рече синот на Цеца Ражнатовиќ.