Радио Милева

Во спортска облека, без шминка и фризура: Пејачката Сани се возеше во градски автобус, а за „доживувањето“ има јасен став! (фото)

Во спортска облека, без шминка и фризура: Пејачката Сани се возеше во градски автобус, а за „доживувањето“ има јасен став! (фото)

За оние што секојдневно функционираат превезувајќи се со автомобил, особено низ Скопје, би кажале дека ако го немаат својот „миленик“ исто како да се без нозе.

Токму таквите, тешко кој би можел да ги разубеди да го остават автомобилот и да користат градски превоз, кој можеби не е како во европските метрополи ама функционира.

Фолк пејачката Сани Гроздановска деновиве имаше потреба или едноставно посака да користи јавен превоз, а доживувањето во друштво го овековечи со неколку фотографии.

фото:принтскрин/инстаграм

Пејачката се замеша во гужвата, облечена во спотска гардероба, без шминка и фризура, а за среќа успеа да најде место за седење за да може да направи по некое „селфи“.

„Градски превоз, чиста работа“ – пишува Сани во описот на фотографија.

фото:принтскрин/фејсбук

Пејачката има јасен став кога е во прашање јавниот превоз, а би било убаво кога ова би бил предизвик, па да можеме да видиме и други јавни личности да се повозат во градски и барем на еден ден да не бидат дел од сообраќајниот метеж.

To top