Радио Милева на „стаклени нозе“

„Во секој пар има кризи“ – Луна Ѓогани проговори за нестабилноста во бракот (фото)

„Во секој пар има кризи“ –  Луна Ѓогани проговори за нестабилноста во бракот (фото)

Луна Ѓогани неодамна беше во центарот на вниманието поради гласините дека нејзиниот брак со Марко Миљковиќ е на стаклени нозе, а сега во емисијата на Огњен Амиџиќ се појави без својата поубава половина, но со нејзината мајка Анабела Атијас. Луна уште на почетокот откри дека без причина настанала паника за нивната врска, бидејќи нивниот животот јавно го покажуваат  и штом ги нема во јавноста веднаш се создаваат разни теории. 

– Фановите  креваат галама. Го ставаме живот на послужавник, тоа е вистината. Имаат право да прават разни теории, дека ме изневерувал, дека ме тепал, дека се преселив кај мајка ми, се се случи… Се е во ред, поздрав до Марко, сега гледа во нас – рече Луна. Ѓогани додаде дека секој пар има криза: 

– Имавме кризи, како и сите други, но не сериозни. Се случија многу, имавме проблеми, несогласувања, нема да лажам, но ништо што не можевме да го решиме – рече таа, па Анабела Атијас откри еден семеен проблем.

– Татко ми имаше мозочен удар, беше тешко, отидов да го видам. Оттаму дојдов директно на роденденот на Луна, сакав, бидејќи 6 години не славевме заедно – изјавила Анабела во емисијата.

Фото: Принтскрин/ТВ Пинк

 

To top