Радио Милева откри

„Во секој град друга жена, не бираше“: Лепа Лукиќ откри кој пејач некогаш бил најголем фраер (фото)

„Во секој град друга жена, не бираше“: Лепа Лукиќ откри кој пејач некогаш бил најголем фраер (фото)

Пејачката Лепа Лукиќ е позната и по хитовите и по остриот јазик, поради што многу нејзини колеги се плашат од неа.

Лепа се присети на некои моменти од турнеите и откри кој од мажите во тој момент бил најголемиот „естраден швалер“.

Таа ја изненади јавноста кога во една емисија на прашањето на водителот: „Дали е вистина дека Станиша Стошиќ сакал да ја менува жената во кој град и да оди?“, таа без двоумење одговори:

– Така е!, Сите доаѓаа позади сцената, оние кои сакаат музичари и во еден град едена, во друг друга, а во трет град трета, која пак имаше една пократка нога. Јас му велам што си ја нашол, не е важно што има пократка нога, на секого може да му се случи, но таа девојка што ја видов вчера е многу убава и поубава од неа – ја раскажала ситуацијата Лепа, а потоа продолжила:

-Што најде толку убаво кај неа, го прашувам, има и пократка нога, а ти беше со неа. Кога тој ми вели „знаеш колку е убава оваа другата“ (смеа) Мисли на другата нога, едната е убава, оваа не е важна – раскажала Лепа.

Лепа која откри дека е заљубена иако има 84 години е пример дека никогаш не е доцна за љубов.

– „Заљубена сум , не сум луда да самувам“, сè уште сум платонски заљубена. Таа личност не го знае тоа, никој не знае… Само јас знам. Не можам да живеам без љубов.

Фото: принтскрин/youtube/instaram/lepa_lukic_official

To top