Како што веќе и најавивме, по неколкуте спектакуларни концерти во регионот, Скајмјузик за почетокот на следната, 2024 година, го закажа големиот скопски концерт на една од најпопуларните ѕвезди на овие простори – Јелена Розга, која во рамки на турнејата „Минут срца мог“ на 10 февруари ќе настапи пред публиката во арената „Борис Трајковски“!
Јелена Розга, кралицата на поп-сцената и миленичката на сите генерации, е позната по своите врвни настапи и неверојатната харизма, а нема сомнеж дека низ арената во Скопје ќе прозвучат хитовите од соло кариерата на Јелена, како што се нумерите „Бижутерија“, „Окус ментола “, „Нирвана“, „Соло играчица“ и неизбежниот „Цунами“, но и оние што ги пееше додека беше во групата Магазин, каде и ја стартуваше кариерата.
Спектаклот ќе биде заокружен со врвната аудио-визуелна продукција потпишана од Skymusic продукција.
Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје веќе се пуштени во продажба, и тоа преку www.efinity.rs, преку бесплатната апликација eFinity, како и преку веб-страницата www.kupikartizase.com и на сите нивни продажни места, и тоа за партерот, фанпитот, сребрените и златните седишта и ВИП-от, а од денес преку www.kupikartizase.com достапни сеи ВИП пакетите.