Радио Милева
надвор од хаосот ....

Во оваа луксузна вила ужива Леа Киш: „Ова е нашето море блиску до Белград“ (фото)

Во оваа луксузна вила ужива Леа Киш: „Ова е нашето море блиску до Белград“ (фото)

Една од најпознатите водителки во Србија, Леа Киш, живее во вистински мал рај. Со сопругот и ќерката таа ужива во топол дом меѓу цвеќиња и дрвја кои потсетуваат на бајка.

Таа во една прилика откри кој е одговорен што нејзината куќарка изгледа беспрекорно.

– Морам да се пофалам дека сето ова го осмисли мојот сопруг, со оглед на тоа што вложил многу труд и време, не смеам да не го споменам.

– Тука сме цело време, нема смисла да се биде во градот, особено во лето кога е многу топло. Оваа тераса, како што можете да видите, е целата во камен, потсетувајќи на морска средина. Со оглед на тоа дека мојот сопруг е од Херцег Нови, тој го дизајнираше ова да биде наше море блиску до Белград и мислам дека успеа во тоа. Тој се грижи за целиот имот и градината. Вечерите ги поминуваме на тераса бидејќи дува ветер. Преку ден сме во базен или ручаме во кафана. Не е овде како во Белград да не можеш да заспиеш од вревата пред два по полноќ. Во десет сум тука сместена – изјавила Леа и  го покажала дворот.

По тој повод покажа и вештачки поток:

– И овој поток е дизајниран и направен од Момо. Во него чуваме вистинска риба. Седнуваш до него, земаш книга или пушташ музика и чувствуваш дека си далеку од сите проблеми, да не зборуваме за работа, хаос во градот… – искрена била Леа.

Од друга страна, дневната соба на куќата е уредена во планински стил со камин и библиотека.

Фото: Принтскрин/Инстгарам/Урош Арсиќ

Останати вести од Радио Милева