Кога скандалот со секс аферата на Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш излезе во јавноста, пејачката се обиде да го негира со нудење разни докази. Меѓутоа, во еден момент таа одлучи да се повлече и ништо да не изјавува повеќе, ниту пак да ја објавува на социјални мрежи.
Запрашан дали ќе ја покани Ј.К. во следната емисија по овој скандал, водителот на најпопуларното забавно ТВ шоу, „Ами Џи шоу“ – Огњен Амиџиќ одговори:
„Не знам дали Јелена ќе гостува токму следната недела, тоа зависи од неа. Секој има отворен повик со мене, особено луѓе како неа, кои долго време се во шоубизнисот и на кои ете, им се случуваат и такви работи. Дали ќе се појави веднаш или не, не знам!? Или ќе чека нешто друго да се случи, да помине некое време, немам идеја, ќе видиме. Не сакам да ги коментирам ваквие работи и овие слики, тоа е животот на други луѓе и не сакам да бидам дел од тоа. Никогаш не сум сед мешал таму каде што не треба“- изјавил Огнен Амиџиќ за српски „Свет“.
„Некои ја поддржуваат, некои секако – не. Ако одлучи да дојде во шоуто, јас лично би сакал да разговарам со неа за тоа. Ако таа воопшто некогаш сака да зборува за тоа во живо“ – резимира водителот.