Коронавирусот на сите ни ги смени плановите за ова лето ама колку толку најголемиот дел од Македонците не пропуштија да бидат покрај езеро, особено охрдското.
Пејачката и виолинистка, Андријана Јеневска изминатите месеци најмногу се сончаше во својот двор во скопско Бардовци, но сега конечно отвори сезона како што е ред.
Замина во Охрид, се облече во бикини, ги понесе сите потребни реквизити за на плажа и во вода, а потоа се разбира не пропушти да направи и по некоја фотографија од лето 2020-то и да ги објави на Инстаграм.
На едната иако не баш се гледа дека се вози по езерската шир со чамец и тоа не било каквов, туку од дамнешно време, па напиша:
-Со војнички чамец на Денот на Армијата на Република Македонија. Не сум фенси и немам глисер. Чамецов е од Втора светска војна. Нема смрт!- пишува Андријана.
Чамец како чамец, но доживувањето останува…