Само што започнал серијалот „Цеца шоу“. Првата сезона која се вика „Цеца и децата“ ќе ни открие многу работи од приватниот живот на фолк ѕвездата за кои не се ни посомневавте.
Ексклузивно пред емитувањето на првата епизода, фолк дивата Светлана Ражнатовиќ даде изјава и ги повика сите да „ѕирнат во нејзиниот дом“ на 7 октомври од 22 часот на телевизија Блиц.
– Во мојот живот не беше секогаш сè како што сакав. Во јавноста има разни приказни, реални, лажни, тенденциозни, измислени, а какво е моето секојдневие далеку од сцената? Кого навистина го сакам? Кој ме познава најдобро? Во што уживам? Кој ме иритира најлесно? А колку навистина се трудам да си го разубавам животот, ќе видите во серијата која е пред вас.
По повеќе од 35 години кариера и јавен живот, ја отворам вратата од мојот дом за камерите кои ќе ме следат моето семејство и мене. Добредојдовте – изјави Цеца Ражнатовиќ.
View this post on Instagram
Серијата „Цеца и децата“, првата сезона од серијалот „Цеца шоу“ ќе започне на 7 октомври во 22 часот, а гледачите ќе имаат можност да видат ретки сцени од приватниот живот на семејството Ражнатовиќ.
Важно е да се знае дека оваа играна документарна програма е базирана на вистински приказни од животот на семејството Ражнатовиќ и тоа ќе биде моментот кога за првпат ќе бидат откриени непознати детали за кои јавноста никогаш не слушнала.
View this post on Instagram
Во текот на 40-те епизоди од првата сезона на „Цеца шоу“, камерите ќе снимаат бројни моменти од работата на новиот албум, подготовките за концертот, семејните разговори меѓу Цеца и Лидија, одењето во семејната куќа на Кипар, моментите поминати со внукот Жељко, бројни ситуации во кои ќе се сретнат Анастасија и Вељко, а тоа е само дел од првите епизоди кои гледачите ќе имаат можност да ги погледнат. Овој високобуџетен проект започна пред неколку месеци, а се снимаше во неколку европски земји.
фото:Ringier/Instagram