Мегафон

Во кино „Синеплекс“: Премиерно промовирана првата епизода на „Бистра вода“ – ентузијастички проект без денар државна помош

Во кино „Синеплекс“: Премиерно промовирана првата епизода на „Бистра вода“ – ентузијастички проект без денар државна помош

Вчеравечер, среда, 1 март 2023, со почеток во 20 часот во киното „Синеплекс“  се одржа светската премиера на првата епизода од најновата македонска серија „Бистра вода“. Премиерата на првата епизода е увертира во телевизиската премиера, која ќе биде оваа недела, на 5 март на ТВ „Алфа“, како и на промовирањето на првите 5 епизоди на платформата „Кинемое“.

Сценарист и режисер на серијалот е Јани Бојаџи. Актерската екипа ја сочинуваат над 70 актери од Македонија, меѓу кои Мони Дамевски, Јелена Жугиќ, Дејан Лилиќ, Зоран Љутков, Роберт Вељановски, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Владо Јовановски, Маја Љутков, Мето Јовановски, Јана Вељановска, Ирена Илиевска, Славица Манаскова, Рубенс Муратовски, Григор Јовановски и многу други.

По вечерашната премиера на „Бистра вода“, потпретседатеот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски упати честитки до тимот кој работеше на првата македонска крими – драма.

Премиера на првата епизода од најновата и прва македонска крими-серија „Бистра вода“ . Честитки до целиот тим кој работеше на оваа прва македонска крими-драма. Честитки до Алфа Телевизија и режисерот Јани Бојаџи. Ова е ентузијастички проект без денар државна помош. Секоја чест!

To top