Ацо Пејовиќ, кумот на пејачката Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ имаше свој настап, овој пат на еден од белградските сплавови, каде присуствуваа бројни познати личности.
Меѓу другото, таму е видена и пејачката и новопечена мама Александра, која се појави во придружба на својот сопруг Филип.
Александра иако тазе породена се одлучила за храбра и секси комбинација.
На себе има црни хеланки споени со црна кошула која ја подврзала над стомакот, а згора на тоа ја раскопчала и ги открила бујните гради.
Пејачката во одлично расположение уживаше во настапот на својот кум. Освен сопругот Филип, друштво и правеше и Жика Јакшиќ од „Гранд“ продукција.