Радио Милева вербална пресметка

Во „Ѕвездите на Гранд“ не е се’ како што изгледа: Исфрлена кандидатка проговори за навредите од Марија Шерифовиќ, кои потоа биле исечени од емисијата и тој дел не бил емитуван

Во „Ѕвездите на Гранд“ не е се’ како што изгледа: Исфрлена кандидатка проговори за навредите од Марија Шерифовиќ, кои потоа биле исечени од емисијата и тој дел не бил емитуван

Дуња Поповиќ се натпреваруваше на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ пред пет години, но беше дисквалификувана поради вербална пресметка со Марија Шерифовиќ.

„Самостојно ја напуштив сцената, тие навреди не беа само од Марија, односно таа не ми се обрати мене лично, туку мене и кандидатот до мене, но едноставно беше многу одвратно и мораше да се прекине навреме. Но не беше прекинато, па само се свртев и си излегов на моја иницијатива од студиото, не се впуштив во никакви дискусии со неа, ниту би се впуштила, бидејќи тие се едноставно жири, јас сум кандидат и никогаш не би си го дозволила тоа“ – раскажа Дуња.

Пејачката тврди дека одредени делови од тоа шоу потоа биле исечени и не биле никогаш емитувани, како тоа и дека Марија Шерифовиќ сепак се покајала.

„Тој дел не беше објавен, а јас и ќе го исфрлев ако бев уредник на телевизиска станица. На крајот, испадна дека сум се налутила заради некои ирелевантни коментари. Беше нешто многу лично, не сакам ни вака да го повторам, а камоли на телевизија. Таа сакаше да ја смири ситуацијата, па дојде во бекстејџот, но јас не можев да преминам преку сето тоа во тој момент. Потоа Марија се покаја, се експлодираша и рече нешто што навистина не сакаше“ – изјави Дуња.

 

To top