Радио Милева

Во „Ѕвездите на Гранд“ му беше најголема поддршка: Ова е девојката на Мартинијан Кириловски (фото)

Во „Ѕвездите на Гранд“ му беше најголема поддршка: Ова е девојката на Мартинијан Кириловски (фото)

Во последната сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, едни од македонски претставници беа Огнен Здравкоски и Мартинијан Кириловски кој успеа да стигнат до петиот круг.

Во текот на целата сезона Мартинијан добиваше само позитивни комплименти и коментари за неговотоо пеење, но за жал тој го напушти музичкото шоу пред самото финале.

Во текот на целото музичко шоу најголема поддршка на Мартинијан беше неговото  семејство, но и неговата девојка која присуствуваше во бекстејџ додека тој се бореше на музичка сцена.

Мојата најголема поддршка низ кариерата се моите дома, девојка ми, другарите, мојата публика и моите фанови. Тие секогаш се до мене,  во успони и во падови. Ми ја даваат целата нивна поддршка која секој музичар сака да ја има, изјави неодамна Мартинијан за Кумановски муабети.

Еве како изгледа девојката на Мартинијан која беше со него во добрите и помалку добрите настапи.

Инаку, директорот на Гранд, Саша Поповиќ најви нови промени и изненадувања во новата сезона на Ѕвездите на Гранд која ќе започне во септември, а можеби и кумановецот повторно ќе одлучи да се појави на музичката сцена на најголемата продукција на Балканот.

фото: Принтскрин

To top