Радио Милева

Во „Ѕвездите на Гранд“ ја критикуваа поради изгледот, а еве како изгледаше Ивона во алманах (фото)

Во „Ѕвездите на Гранд“ ја критикуваа поради изгледот, а еве како изгледаше Ивона во алманах (фото)

Кумновката Ивона Јовановиќ кога се појави првпат на сцената на Гранд, на многумина им се допадна нејзинот глас и талент за музика.

Од жирито често добиваше пофалби дека одлично пее, но добиваше и критики за нејзиниот изглед и вишокот на килограми.

Во последната сезона Ивона не успеа да стигне до самото финале на музичкото шоу, а кога испадна порача дека не се враќа во Гранд.

https://www.youtube.com/watch?v=qGFOKb2ZpUs

Таа често е активна на социјалните мрежи и споделува фотографии од своите активности, па сега во кратките приказни на Инстаграм сподели фотографија од нејзината матура и како изгледала во алманах.

„Ивона ѕвезда наша ама понекад знае да ти се испонаша. Претседател со четири години мандат, кој се бореше за глас како прав лав. П.С Се извинувам во името на целиот клас пишувало во алманахот под фотографијата на Ивона.

Фото: Инстаграм/принтскрин

 

To top