Денес е посебен ден во домот на Драгана Мирковиќ. Нејзината најголема љубов, сопругот Тони Бијелиќ го слави својот роденден.
По тој повод, Драгана подготви сè што е во домот за мала прослава во согласност со пропишаните мерки поради пандемијата на вирусот корона.
Пејачката на сопругот му порача и посебна торта украсена со долари и капа, на која пишува „Дон Тони“. Драгана го сподели ова роденденско изненадување на својот „Инстаграм“ со специјална порака за нејзиниот сопруг.
„Среќен ти роденден, љубов“, напиша таа.
Тони Бијелиќ и Драгана Мирковиќ се во брак две децении, а својата љубов ја крунисаа со плодот на нивната љубов, синот Марко и ќерката Мануел, кои се центарот на нивниот свет.
Тони Бјелиќ е несомнено среќен човек, кога секој ден ја опсипува Драгана со љубов и внимание, за што сведочи и неговото роденденско изненадување, кое го воодушеви.