Радио Милева

Во брак се повеќе од 40 години, а сега Жељко Самарџиќ откри што и направил на сопругата на почетокот од врската

Во брак се повеќе од 40 години, а сега Жељко Самарџиќ откри што и направил на сопругата на почетокот од врската

Жељко Самарџиќ е во брак со својата сопруга Маја повеќе од 40 години, а во неговото последно интервју истакна дека толку време се заедно бидејќи се уште имаат време за романтика.

„Пеев на матурската вечер на Маја, таа вечер донесов одлука која испадна дека е точна. И се приближи и реков: „Или ќе дојдеш со мене или ќе си одиш дома“, а неколку дена пред тоа се случи една интересна ситуација. Маја и јас не се гледавме со денови бидејќи таа беше дома“ вели Самарџиќ за „Ало“ и додава:

фото: П.Димитријевиќ/рассрбија

„Не можев да издржам да не ја видам, па се качив на соседната зграда за да и пратам бакнеж. И на мене и на неа тоа ни беше доволен доказ дека се грижам за неа“ вели пејачот.

Тој истакна дека иако се долго време во брак се уште има љубов и почитување.

To top