Радио Милева

Внукот на Тоше Проески: „Споредбите не ми годат, никој не може да го замени вујко ми“

Внукот на Тоше Проески: „Споредбите не ми годат, никој не може да го замени вујко ми“

Тоше Проески беше и остана наша најголема музичка ѕвезда која зад себе остави голем успех и хитови кои секогаш ќе се пеат.

Неговиот живот згасна прерарно, но тој и понатаму е сакан меѓу неговите фанови.

Во петокот  (02 ноември) во салата „Борис Трајковски“ беше одржан концерт во чест на Тоше каде што неговите колеги ги пееја неговите безвременски хитови. На концертот се појави и неговиот внук Кристијан Ристески кој ја отпеја својата нова песна „We are blood“.

Кристијан е студент на Факултетот за Музичка уметност во Скопје.

Многумина го спордуваат со Тоше и го нарекуваат негов наследник. Во интервју за точка.мк тој откри дека не ги сака споредите со неговиот вујко бидејќи никој не може да го замени.

„Споредбите воопшто не ми годат, бидејќи никој не може да го замени вујко ми. Како што веќе ви реков, јас само многу ја сакам музиката“ вели Кристијан.

На концертот кој се одржа во Скопје, присуствуваше и продуцентот Енди Рајт кој истакна да беа поинакви работитте Тоше сега ќе беше светска ѕвезда.

За потсетување, пред 11 години Тоше Проески со Кристијан ја снимаше песната „My little one“.

„Приказната за таа песна е многу долга и широка, но еве накратко.. Додека вујко ми го подготвуваше неговиот англиски албум „The Hardest Thing“, во Крушево, јас постојано бев околу него и го следев што прави, како свири… Одвреме навреме си ја потпевнував „Nothing Else Metters“ од Metallica, бидејќи тогаш таа ми беше омилена и така некако спонтано настана и „My Little One“, вели внукот на Тоше.

https://youtu.be/5wXiZmIoDq4

 

Дали Ристески ќе изгради музичка кариера и како ќе се снајде во светот на музиката останува да видиме.

To top