Талентираниот внук на Тоше Проески, Кристијан Ристовски ја објави својата прва авторска песна „We are blood“.
За оваа песна Кристијан соработуваше со продуцент Енди Рајт.
Во интервју тој откри дека бил во студиото на Рајт кој ги доработувал песните за новиот постхуман албум на Тоше. Тогаш, Енди добил идеја Кристијан да сними песна и по долги размислувања наследникот на Тоше ја прифатил идејата и одлучил да пее во чест на неговиот вујко.
Денес, Кристијан ја објави целосната верзија на песната, а во петок во салата „Борис Трајковски“ премиерно ќе ја изведе својата прва песна.
За потсетување, во петок, на 2 ноември во салата „Борис Трајковски“ ќе биде одржан концерт во чест на Тоше Проески. Неговите колеги од македонската и регионална естрада ќе ги отпејат неговите најпопуларни хитови, а ќе биде промовиран и неговиот албум „ The Secret Place’.“.
Дотогаш, слушнете ја песната на Кристијан.